Индустриското производство продолжува да паѓа 13 месец едноподруго. Индексот на индустриското производство во септември годинава, во однос на истиот месец лани, изнесува 94,4, или производството во индустријата е помало за 5,6 отсто. Според сектори, индустриското производство во преработувачка индустрија паднало за 6,8 отсто, рударство и вадење камен во септември бележи пораст од 3,3 отсто, а снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележал пораст од 3,1 отсто во споредба со септември минатата година. Според главните индустриски групи, производството во септември 2012 година, во однос на септември 2011година, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија, за 1,8 отсто, кај трајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,7 отсто. Додека пораст бележи кај енергија за 1 отсто и капитални производи за 19,6 отсто.
Индустриското производство продолжува да паѓа 13 месец едноподруго.
Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември годинава, во однос на истиот месец лани, изнесува 94,4, или производството во индустријата е помало за 5,6 отсто. Според сектори, индустриското производство во преработувачка индустрија паднало за 6,8 отсто, рударство и вадење камен во септември бележи пораст од 3,3 отсто, а снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележал пораст од 3,1 отсто во споредба со септември минатата година.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2012 година, во однос на септември 2011година, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија, за 1,8 отсто, кај трајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,7 отсто. Додека пораст бележи кај енергија за 1 отсто и капитални производи за 19,6 отсто.
Последен пат индустријата забележа позитивни резултати во август минатата година. Ваквата состојба според економситите и бизнисмените од преработувачката индустрија е потврда дека на економијата не и' оди добро и дека позитивни сигнали не се очекуваат до крајот на годинава.